Јанкулоска-не се фатени сторителите на убиството кај Смиљковци

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека секој ден има по некој нов детаљ за петкратното убиство кај Смиљковци, но во интерес на истрагата тие не можат докрај да бидат објавени во јавноста. По денешната средба на полицискиот врв со премиерот Никола Груевски, министерката ги оцени како тенденциозни и злонамерни информациите кои се појавија дека биле фатени четворица од убијците. Таа апелираше на воздржаност и разбирање од сите граѓани и медиуми.
Јанкулоска додаде дека се уште не е познат идентитетот на сторителите и дека се разработуваат сите сценарија кои можеле да се случат. Според неа, сознанијата за мотивите за убиството засега не може да ги кометираат затоа што би можеле многу да откријат.