Турција запрела брод кој пренесувал оружје за Сирија

Турските власти соопштија дека запреле брод кој пловел под знамето на Бермудските острови за кој постои сомневање дека пренесувал оружје кон Сирија. Бродот „Атлантик крузер“ добил предупредување од ОН да го смени курсот пред да влезе во територијалните води на Сирија.
Бродот треба да биде претресен денеска во заливот Искендерун.