Авганистан- подготовката на војската се движи во добра насока

Авганистански војници

Авганистанските власти соопштија дека подготовките на војската се движат во добра насока и заедно со другите авганистански сили ќе можат да ја преземат одговорноста за безбедноста во земјата до крајот на наредната година.
Министерството за одбрана соопшти дека авганистанска армија ја достигнала бројката од 195 илјади војници. Со нив вкупната бројка на безбедносните сили во земјата ќе изнесува 352 илјади. Коалиционите сили се надеваат дека одговорноста за безбедноста во Авганистан ќе им ја предадат на домашните сили пред целосно да ги повлечат нивните војници во 2014.