Вилсон-руската доминација го спречува влезот на Црна Гора во НАТО

Знамето на Црна Гора

Потпретседателот на Атлантскиот совет на САД Дејмон Вилсон изјави дека ако сака Црна Гора да влезе во НАТО, мора да го реши прашањето со руската доминација во земјата. Тој за весникот Вијести рече дека Црна Гора е земја која од сите поранешни југословенски републики има најдобри односи со соседите. Но според него, тоа не е доволно, бидејќи земјата мора да се посвети на борбата со корупцијата и организираниот криминал.
Делегацијата на Атлантскиот совет на САД, предводена од Вилсон е во посета на Црна Гора за проценка на досегашните резултати на државата за исполнување на условите за влез во НАТО.