Швајцарија ги зголеми санкциите врз Иран

Логото на две банки во Женева

Швајцарската влада соопшти дека ги зголемила санкциите врз Иран со тоа што го замрзнала имотот на уште 11 компании и индивидуални лица. Според соопштението, Швајцарија се одлучила на тој чекор во согласност со мерките на ЕУ кои беа усвоени во јануари како одговор на спорната нуклеарна програма на Иран. Санкциите се однесуваат на замрзнување на имотот на Иранската централна банка и ембарго на увозот на нафта.
Швајцарските банки претходно беа критикувани за тоа што им дозволуваат на компаниите и индивидуалците блиски до иранската влада да вршат трансакции преку нив.