Македонија ќе испрати војници во БиХ и Либан

Церемонија за испраќање на македонски војници во Авганистан

Комисија за одбрана и безбедност на денешната собраниска седница ги прифати предлог-одлуките за испраќање припадници на АРМ за учество во мировни операции на ЕУ во БиХ и на Обединетите нации во Либан. Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев информира дека во мировната операција АЛТЕА, ќе биде испратен еден медицински тим од 10 припадници на Армијата и еден офицер-правен советник за работа во Командата на ЕУФОР.
Во мисијата во Либан ќе биде испратен еден штабен офицер. Припадниците на Армијата ќе бидат испратени во мај и јуни за период од шест месеци.