Северна Кореја нема да ги почитува договорите со ОН и САД

Северна Кореја соопшти дека веќе не е обврзана на мораториумот на ракетни и нуклеарни тестирања, договорен со Обединетите Нации. До овој став на Северна Кореја доаѓа откако Соединетите Држави го суспендираа договорот, според кој, требаше да и доставуваат храна на таа земја доколку ги замрзне нуклеарните активности. Пјонг Јанг оцени дека тоа е непријателски чин на Вашингтон и се закани со одговор.