Штрајк на вработените во јавните служби во Словенија

Вработените во јавните служби во Словенија денеска штрајкуваат поради владините мерки за штедење, со кои е предвидено намалување на платите и регресите. Службениците ќе штрајкуваат на работните места со почитување на законскиот минимум за работа. Протестни собирања има и пред Владата на Словенија, а на демонстрантите им се приклучуваат и други работници и пензионери.