Во Осло продолжува сведочењето на Брејвик

Осло, 18.04.2012

Андерс Брејвик, убиецот на 77 луѓе во Норвешка во јули, минатата година, денеска го продолжува сведочењето пред судот во Осло. Брејбик вчера изјави дека кога би имал можност би го повторил злосторството. Судскиот процес против Брејвик не се пренесува на телевизија бидејки тој би можел да го искористи за пропагирање насилства.