Ребаланс на буџетот и ново задолжување од 250 милиони евра

Владата го усвои ребалансот на Буџетот. Расходите се намалуваат за 7,6 милијарди денари, а приходите за 7 милијарди и 390 милиони денари. Ќе се штеди главно на стоки и услуги, трансфери и капитални расходи, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Во истовреме Владата донела и одлука за задолжување кај „Дојче банк“ за 250 милиони евра за да се финансира Буџетот за 2012 и да се рефинансираат обврските по основ на еврообврзницата што доспева во јануари 2013 година.

Ставрески рече дека владата ја намалила проекцијата за економскиот раст на 2,5 проценти, наспроти досегашните 4,5 отсто. Министерот рече дека во 2012 се предвидува умерена инфлација од 2,8 проценти.