Азербејџански новинар е добитник на наградата за промоција на слободата на изразување на ОН

Азербејџанскиот новинар Ејнула Фатулајев.

Азербејџанскиот новинар Ејнула Фатулајев е годинашниот добитник на годишната награда за промоција на слободата на изразување на ОН. Тој е уредник на два влијателни опозициски весници, неделникот „Реални Азербејџан“ на руски јазик и дневниот весник „Гунделик Азербејџан“ на азерски јазик.

35-годишниот Фатулајев беше затворен во 2007 година откако беше обвинет за коментари поврзани со масакрот во Хоџали, во кој биле масакрирани етнички Азери во конфликтот со Ерменија во Нагорно-Карабах. Потоа беше осуден на дополнителни две години затвор откако властите наводно пронашле хероин во неговата ќелија. Лани беше помилуван од претседателот откако помина четири години во затвор.

Организациите за медиумски права и слободи ги обвинија властите дека се обидуваат да ги замолчат новинарите.