Карзаи бара 2 милијарди годишно од САД

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави денеска дека на неговата влада и требаат најмалку две милијарди долари годишно од САД по повлекувањето на нејзината војска во 2014 година. Според него, САД треба да кажат колку пари ќе му дадат на Авганистан во договорот за стратегиско партнерство за кој Кабул преговара со Вашингтон.
Авганистанските власти веќе имаат два предуслови за потпишување на договорот, односно целосна контрола врз затворите во земјата и прекин на контроверзните ноќни рации. И двете страни се надеваат дека договорот ќе биде потпишан пред Самитот на НАТО во мај во Чикаго.