Иванов оствари средба со чешкиот премиер Нечас

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска оствари средба со чешкиот премиер Петар Нечас кој е во посета на Македонија. Неговиот кабинет соопшти дека на средбата ило потврдено дека двете земји имаат традиционално добри и пријателски односи, и бил поздравен интензивниот политички дијалог, кој во изминатиов период го карактеризираат голем број средби на високи претставници од Македонија и од Чешка.
Иванов изразил очекување дека Чешка и натаму ќе ја поддржува Македонија во евроатланската интеграција.