ММФ ја зголеми прогнозата за растот на глобалната економија

Логото на ММФ

Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми својата прогноза за растот на глобалната економија во оваа година на 3,5 насто, односно тој ќе биде поголем за 0,2 проценти од предвидувањата во јануари. ММФ исто така очекува поголем раст и во наредната година кој ќе биде 4,1 насто. Според фондот, американската економија годинава ќе забележи раст од 2,1 процент, додека во Европа најверојатно ќе има намалување од 0,3 насто.
ММФ ги повика европските лидери да преземат чекори за справување со економската финансиска криза, која и натаму претставува закана за глобалната економија.