Белорусија-Лукашенко го одложи годишното обраќање на нацијата

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го одложи датумот за годишното обраќање на нацијата, кое беше закажано на 19 април. Неговиот кабинет соопшти дека побарал текстот со неговото обраќање да биде променет и да го одрази неприфаќањето на либерланиот пристап на приватизација на државниот имот. Лукашенко се противел и на претераните реакции на проблемите меѓу Белорусија и нејзините партнери.