Првиот комерцијален лет во Вселената на 30 април

Американската агенција НАСА соопшти дека првиот комерцијален вселенски брод до Меѓународната вселенска станица ќе биде лансиран на 30 април. На бродот ќе му требаат три дена за да стигне до станицата по што ќе следуваат сложени маневри за прикотвување. На овој потег се гледа како на темел во развојот на комерцијалните летови во Вселената.