ММФ бара заем од 400 милијарди долари за спас на еврото

Меѓународниот монетарен фонд бара од членките заем од 400 милијaрди долари за Агенцијата за глобален развој. Директорот на ММФ Кристин Легард во интервју за еден германски весник пред состанокот на Фондот на 20 април во Вашингтон изјави дека тоа ќе биде неопходно во борбата против должничката криза во еврозоната. Денеска Јапонија најави дека ќе позајми 60 милијарди долари и оти тоа ќе ги натера и другите земји да дадат свој придонес.