Воведно сведочење на Брејвик

Андерс Брејвик

Масовниот убиец Андерс Брејвик денеска во судот во Осло го изнесе неговото воведно сведочење. Тој повтори дека не се чувствува виновен во врска со обвинувањата дека во минатиот јули во Осло уби 77 луѓе, наведувајќи дека тоа било акт на самоодбрана. Во изјавата тој нападот го опиша како најсофистициран и спектакуларен политички напад во Европа по Втората светска војна и оти тоа повторно би го направил. Претходно, судот во Осло се отпушти еден судија поротник кој на Фејсбук напишал дека Брејвик заслужува смртна казна.