САД го отфрлија барањето на Иран за ублажување на санкциите

Али Акбар Салехи

Соединетите држави го отфрлија барањето на Иран за ублажување на санкциите, наведувајќи дека пред тоа Техеран ќе мора да преземе конкретни чекори за да ја намали загриженоста на меѓународната заедница поради спорната нуклеарна програма. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон ќе реагира само откако Иран ќе покаже добра волја за решавање на кризата. Претходно, шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи изјави дека Иран е подготвен да го стори тоа на разговорите со светските сили закажани за крајот на мај во Багдад.