Протест пред владата по повод минатонеделното убиство

од протестите

Стотина претежно млади лица протестираа попладнево пред владата на Република Македонија поради минатонеделното петкратно убиство во близина на Скопје, јави репортерот на Радио Слободна Европа. Тие фрлале и камења кон полицијата, зградата и врз новинарите кои го следеле протестот кој делумно продолжил и пред Собранието. Во насилните протести оштетени се полициски возила и дел од зградите во централното гратско подрачје. Групите се организирале на протест преку социјалните мрежи. Министерката за внатрешни работи претходно на прес конференција се осврна и на јавните собири во знак на револт за убиството и порача тие да поминат мирно. „Апелираме до граѓаните доколку одлучат да дадат поддршка на некои од овие јавни собирања тоа да го прават мирно бидејќи секој полициски службеник ни е драгоцен и е многу покорисен доколку работи на расчистување на кривичното дело наспроти обезбедување на било кој настан“, рече Јанкулоска.