Санадер се изјасни невин за обвиненијата за проневера

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер се изјасни за невин под обвиненијата дека проневерил 10 милиони евра во јавни фондови за време на неговата функција од 2003 до 2009 година. Санадер се соочува со уште две обвиненија за корупција. Тој пред судот во Загреб изјави дека последните обвинувања против него се фабрикувани. Двајца од неговата партија ХДЗ исто така се изјаснија невини за случајот, а тројца ја признаа вината.