Србија смета дека косовската полиција ја нарушува безбедноста на границата

Мердаре - патрола на косовската полиција во близина на местото каде што беа уапсени двајцата косовски полицајци.

Началникот на Генералштабот на Војската на Србија, генерал-потполковник Љубиша Диковиќ изјави дека припадниците на Косовската полициска служба се појавуваат на „административната линија меѓу Косово и Централна Србија“ и тоа претставувало ризик за безбедноста.
- „Сметам дека единствено КФОР може да ја гарантира безбедноста на Косово, а не т.н. органи на Косово“, изјави Диковиќ за весникот „Политика“, коментирајќи го неодамнешното апсење на двајца припадници на косовската полиција, кои го преминале граничниот премин кај Мердаре.
Тој нагласи дека „е очевидно дека КПС, спротивно на договорот, сака чекор по чекор да се наметне како фактор во овие области“.
- Го информираме КФОР за нивното присуство, тие секогаш реагираат и не информираат што преземале, додаде Диковиќ, потсетувајќи дека според Военотехничкиот договор од Куманово, српската армија соработува исклучиво со меѓународните безбедносни сили, односно КФОР.