Турција - покренати обвиненија за заговор против десетици воени лица

Турскиот суд покрена обвиненија против десетици воени лица, меѓу кои и четворица пензионирани генерали, за заговор против премиерот на Турција.
Судот денеска нареди уште 9 осомничени, меѓу кои и пензионираниот генерал Чевик Бир, да бидат сместени во затвор во процесот за присила врз про исламскиот премиер Неџметин Ербакан да поднесе оставка во 1997 година.