Сириските сили ќе одговорат на нападите од бунтовниците

Сириските безбедносни сили во Хомс

Сириските власти предупредуваат дека безбедносните сили ќе одговорат доколку нападите од бунтовниците се интензивираат и покрај тоа што странските набљудувачи се на пат кон земјата за да проверат дали се почитува примирјето. Сириски опозициски активисти тврдат дека владините сили денеска го нападнале централното подрачје на Хомс со минофрлачи и тешко оружје.
Информациите не може да бидат потврдени од независен извор. Според активистите синоќа имало борби и во градот Алепо.