Јанкулоска-истрагата напредува, дефиниран профилот на извршителите

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави денеска дека истрагата за убиството кај Смиљковци сериозно напредува и дека е дефиниран профилот на извршителите, но се уште не се знае нивниот број и идентитет. Таа не сакаше да изнесе повеќе детали за профилот на убијците, бидејќи се обработуваат материјалните докази.Според Јанкулоска, клучни ќе бидат и исказите на семејствата на жртвите кои не биле на распит.
Досега на информативен разговор биле над 100 лица, но нема осомничен. Јанкулоска рече дека сите сценарија се се уште отворени, но најмалку е веројатно дека на убиството му претходело друго кривично дело на тоа место со кое би бил поврзан овој случај.