Одбележување на годишнината од потонувањето на Титаник

Бродот Титаник

Патниците и екипажот на бродот Балморал одржаа меморијална служба на локацијата во Северн Атлантик каде потона Титаник пред 100 години. Повеќе од 1500 лица загинаа во трагедијата. Балморал кој патуваше по патеката на Титаник со три венци и свиреж во мракот го одбележа потонувањето.
Во Халифакс, Канада со црквени звона им беше одадена чест на 150 жртви кои се погребани во градот. И во ирскиот град Белфаст каде што беше изграден Титаник ќе се одржи церемонија. Околу 300 лица присуствуваа на меморијалната служба во Личфилд, Англија во близина на домот на капетанот на бродот Едвард Смит.