Милитанти ослободиле околу 400 затвореници во Пакистан

Затвореници во Пакистан

Триста осумдесет и четири затвореници избегале од затвор во северозападен Пакистан, по нападот на милитанти вооружени со оружје и минофрлачки гранати. Пакистанските власти за Сервисот на Радио Слободна Европа, Радио Маршал соопштија дека милитантите најверојатно се обидувале да го ослободат Аднан Рашид, кој е осуден за заговор против поранешниот претседател Первез Мушараф. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.