Безбедносниот совет на ОН ја усвои резолуцијата за Сирија

Војската на улиците во Сирија

Безбедносниот совет на ОН едногласно се изјасни за поддршка на резолуцијата со која се овластува испраќање на група на набљудувачи во Сирија кои ќе го надгледуваат примирјето меѓу припадниците на власта и опозициските бунтовници. Американскиот амбасадор Сузан Рајс која претседаваше со состанокот изјави дека сите членки гласале за резолуцијата, меѓу кои и Кина и Русија.
Околу 30 набљудувачи ќе заминат за Сирија во наредните денови.