ЕУ води „позитивни и поразлични“ разговори со Техеран

Европската унија соопшти дека разговорите со иранските власти за нуклеарната програма на официјален Техеран се „позитивни и поразлични“ од претходните неуспешни обиди во Јануари 2011 година. Првата рунда разговори со цел смирување на тензиите во врска со иранската нуклеарна програма заврши денеска а во текот на денот се очекува да се затвори и втората рунда разговори. Претставници на 5-те земји, постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, плус Германија, во Истамбул разговараат со делегацијата на Иран за надминување на кризата со иранската нуклеарна програма за која Западот смета дека е со цел Техеран да произведе нуклеарно оружје.