ОН ќе гласа за резолуција за Сирија

Кофи Анан

Советот за безбедност при Обединетите нации ќе гласа за резолуцијата со која се овластува испраќање на група на набљудувачи во Сирија кои ќе го надгледуваат примирјето меѓу припадниците на власта и опозициските бунтовници. Примирјето, кое започна во четвртокот, е дел од планот на специјалниот пратеник во земјата Кофи Анан за ставање крај на насилствата во кои за една година загинаа 9,000 лица. Портпаролката на Анан изјави дека станува збор за тим кој брои 10 или 12 набљудувачи.