Јеремиќ: Инцидентите во Македонија се опасен тренд

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ денеска изјави дека последните инциденти во Македонија се „еден опасен тренд“ и лесно би можеле да прераснат „во нешто многу посериозно“.
- Не би требало едноставно да се доживува ваков вид на инцидент. Еден таков инцидент на Балканот може многу лесно да се разгори и да прерасне во нешто многу посериозно, истакна Јеремиќ за време на посетата на Чачак.
Шефот на дипломатијата на Србија нагласи дека овие настани се „внатрешна работа на Македонија“.