Трет ден од кршливото примирје во Сирија

Сирија, владините сили сеуште активни

Трет ден од кршливото примирје во Сирија, активисти јавуваат дека владините сили бомбардирале позиции на бунтовниците во градот Хомс. Нападите траеле околу еден час и нема извештаи за повредени. Во меѓувреме во Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска треба да биде изгласана резолуцијата со која ќе биде овозможено испраќање позматрачи во Сирија кои треба да го надгледуваат примирјето. Портпарол на специјалниот пареник за Сирија, Кофи Анан, изјави денеска во Женева дека тим од 10-тина посматрачи веќе е подготвен да замине за Сирија веднаш штом биде усвоена резолуцијата во Советот за безбедност.