Португалија го ратификува ЕУ договорот за буџетска дисциплина

Португалија денеска стана првата земја членка на Европската Унија која го ратификува договорот за буџетска дисциплина. За договорот гласаа 204 пратеници, а само 24-ца беа против. Договорот за фискална дисциплина предвидува зајакната контрола на државните финансии и казни за оние земји кои ќе имаат повисок дефицит од предвидениот.