Голем бран на расселувања во Пакистан

Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации соопшти дека бројот на пакистанци кои ги напуштиле своите домови поради борбите меѓу владините сили и милитантите, од почетокот на оваа година достигнал 181.000. Портпарол на агенцијата денеска во Женева изјави дека дневно се регистрирани по 10.000 бегалци во кампот во близина на Пешавар.