Лајчак: Словачка не го менува ставот за Косово

Мирослав Лајчак

Словачка нема намера за преиспитување на својот став за Косово, изјави шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак. Тој наведе дека односите со Косово ќе зависат од развојот на ситуацијата во регионот и од дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Ние сакаме ситуацијата да се нормализира, но додека тоа не се случи, нема причина да го преиспитуваме нашиот став спрема Косово, истакна Лајчак. Словачка заедно со Грција, Кипар, Романија и Шпанија не ја призна независноста на Косово прогласена на 17 февруари 2008 година.