Бан Ки Мун-ситуацијата во Сирија е посмирена по примирјето

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави денеска дека ситуацијата во Сирија е посмирена по примирјето кое стапи на сила рано утринава. Но, според него, одговорноста сега е врз сириската власт да го одржи ветувањето за прекин на огнот. Говорејќи во Женева, Ки Мун рече дека натамошна милитаризација на конфликтот не е решение и најави дека организацијата во најбрзо време ќе испрати набљудувачки тим во Сирија.