Иванов-потребна е нова ера на регионална соработка во ЈИЕ

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов во обраќањето на претседателската сесија „Глад, сиромаштија и невработеност“ во Измир порача дека не може да има траен мир и соработка без одржлив и забрзан развој, без учество на сите земји и општествени групи во развојот. Според него, потребна е нова ера на регионална соработка во Југоисточна Европа и во Евроазија, со конкретни проекти во економијата и со инфраструктурното и енергетското поврзување.
На патот кон евратланските интеграции, Иванов рече дека не треба земјите да се стекнат само со членска карта, туку да бидат интегрирани европските стандарди во целиот регион.