Расмусен: повлекувањето на НАТО од Авганистан според предвиденото

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска изјави дека Алијансата е на пат за целосно предавање на одговорноста за безбедноста на Авганистан врз локалните сили до крајот на 2014 како што е предвидено. Говорејќи за време на посетата на Кабул тој додаде дека НАТО ќе продолжи да ги тренира авганистанските безбедносни сили и по 2014 година.