САД: Контроверзното убиство во Флорида стигна до суд

Човекот што е осомничен за контроверзното убиство на млад човек во Флорида е обвинет за убиство од втор степен. Убиството на Трајвон Мартин предизвика лавина од реакции во јавноста поради тоа што убиецот не бил навремено уапсен. Американскиот претседател Барак Обама забележа дека „ доколку имал син, тој ќе изгледал какo Трајвон“. Осомничениот во судот изјавил дека го застрелал младиот човек затоа што почуствувал дека неговиот живот е загрозен. Неговиот адвокат изјавил дека тој на рочиштетото ќе се изјасни за невин.