Триесет лица загинаа во судирите на војската и милитантите во Јемен

Околу 30 лица загинале во судирите на владините сили и милитантите во јужен Јемен. Властите соопштија дека најголем дел од жртвите биле приврзаници на Ал Каеда. Со последните судири кои започнаа по нападот на милитантите на еден воен камп бројката на жртви се искачи на 150 лица.