Иванов-земјите од ЈИЕ да го надоместат пропуштеното

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов во обраќањето на Евроазискиот економски форум во Истанбул порача дека глобалните стратегии за исполнување на милениумските развојни цели мора да се регионализираат и да се спроведат на локално ниво. Според него, регионот на Југоисточна Европа при крајот на 20 век станал синоним за предрасуди, поделби и конфликти.
Иванов смета дека во иднина мора да биде надоместено пропуштеното и земјите да се поврзат економски, инфраструктурно и енергетски. На агендата на форумот кој годинава одбележува 15-годишен јубилеј утре е состанокот на претседатели кој ќе се одржи во Измир.