Последно обраќање на Путин како премиер

Владимир Путин

Новоизбраниот руски претседател Владимир Путин денеска во парламентот ќе го има последното обраќање како премиер, на помалку од еден месец од неговата претседателска заклетва, закажана за 7 мај.
Аналитичарите очекуваат обраќањето на Путин да биде посветено на неговите економски постигнувања, како и на агендата за неговиот 6-годишен мандат. Но тие велат дека Путин може да се соочи и со прашања од опозицијата во врска со еден од најголемите протести во неговото 12-годишно владеење поради обвинувањата за измама на последните парламентарни и претседателски избори.