Рекорд на „Apple“: пазарната вредност над 600 милијарди долари

Американската компанија Епл (Apple), која и досега беше највредна на светот според пазарната цена, вчера прв пат на берзата достигна вредност од над 600 милијарди долари.
Само една компанија претходно ја надминала оваа граница, а тоа беше главниот конкурент Мајкрософт. На својот врв во 1999 година нејзината вредност беше 619 милијарди долари, додека сега таа вреди „само“ 260 милијарди.
Од почетокот на 2012 година акциите на Епл се зголемија за 59 насто. Оваа компанија соопшти дека ќе издвои 97, 6 милијарди долари за плаќање на дивиденда на сопствениците на акциите.