Ирак го прекина извозот на нафта во Турција

Нафтовод во Ирак

Ирачкото Министерство за нафта соопшти дека земјата ја прекинала доставата на нафта во Турција поради саботажа на нафтоводот. Според некои извори, прекинот е поради изградбата на дел од нафтоводот од ирачкиот град Киркук кон нафтените терминали во турското средоземно пристаниште Џејхан.
Должината на трасата е 970 километри, со капацитет од 500.000 барели дневно.