Анан-насилството во Сирија мора да запре

Претставникот на ОН и Арапската лига за Сирија Кофи Анан

Претставникот на ОН и Арапската лига за Сирија Кофи Анан изјави дека насилството во Сирија мора да запре без никакви предуслови. Според него, тоа е нешто што треба да се направи за народот и за земјата. Анан ја даде изјавата за време на посетата на сириски бегалски камп во Турција.
Во меѓувреме активисти соопштија дека владините сили денеска бомбардирале позиции во Хама и Хомс.