Анан посети камп со сириски бегалци во Турција

Претставникот на ОН и Арапската лига за Сирија Кофи Анан со децата од бегалскиот камп во Турција

Претставникот на ОН и Арапската лига за Сирија Кофи Анан посети еден камп со сириски бегалци во јужна Турција. Анан не влезот беше пречекан со непријателски пароли против сирискиот претседател Башар ал Асад и против Русија. Анан од Турција ќе отпатува за Иран.
Во турските кампови досега се сместени околу 27 илјади бегалци од Сирија.