Полските политичари му одадоа чест на екс-претседателот Качински

Јарослав Качински-братот на поранешниот претседател на Полска Лех Качински

Полските политичари денеска им одадоа чест на поранешниот претседател Лех Качински и на 95 лица кои загинаа во авионска несреќа во Русија пред две години. Претседателот Бронислав Коморовски положи цвеќе за жртвите во претседателската палата. Братот на Качински, инаку лидер на опозициска партија положи венец на друго место во палатата.
Некои од опозициските приврзаници тврдат дека падот на авинот не бил несреќа, туку атентат.