Египетскиот суд ја суспендираше уставната комисија

Членови на египетскиот Парламент

Египетскиот суд ја суспендираше комисијата, која во минатиот месец беше назначена да го подготви новиот Устав на земјата. Некои адвокати и либерално политичките партии поднесоа тужба во која го обвинија мнозинството во Парламентот, кој го формираше комисијата дека ја злоупотребила моќта. Повеќето членови ја напуштија комисијата во знак на протест за процесот на селекција.
Исламистите од Партијата за слобода и првада на Муслиманското Братство и Партијата на салфистите имаат мнозинство во комисијата.