Акцијата Детонатор продолжи во Куманово

Запленети покер машини во акцијата Детонатор

Во рамки на акцијата „Детонатор“ кумановската полиција заедно со претставници од УЈП и Државниот пазарен инспекторат вчера при претрес и контрола во два објекта во Куманово и еден објект во село Лопате, пронајдоа 72 покер апарати. Со тоа бројката на откриени и запленети покер машини од почетокот на акцијата до денес се зголеми на 844.
МВР денеска соопшти дека објектите во кои била извршена контролата се запечатени.