Расмусен-Босна треба уште да работи за членство во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека Босна мора уште да работи пред да го преземе следниот чекор за членство во Алијансата. Според него, НАТО ги поддржува аспирациите на земјата, но за да го оствари потребниот напредок Босна треба да покаже политички напор, решителност и дијалог.
Расмусен ја даде изјавата за време на посетата на седиштето на НАТО на претседавачот на претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ.